VIII Меѓународен саем на органски и традицонални производи ,,Органска Трпеза“

 IV Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработка.

Бидете дел од две значајни манифестации што веќе осум години , година по година ги обединуваат вредните луѓе од земјоделството, прехранбената и преработувачката  индустрија, органското производство и руралниот развој – не само од Македонија, туку и од целиот регион.

Доколку сакате да бидете дел од оваа професионална приказна и да се поврзете со вистинските луѓе во вистинско време – пријавете се денес!

За AgroMak

Поврзување идеи, луѓе и можности – за зелена и иновативна иднина.

Нашата Мисија

Нашата мисија е да создадеме динамична и инклузивна платформа која го унапредува земјоделството преку поврзување, иновации и знаење. Преку АгроМак, работиме на градење на силна мрежа меѓу производители, институции, истражувачи, инвеститори и заедници, со цел да поттикнеме одржлив развој, технолошка модернизација и регионална соработка.

Водени од визијата за современо и конкурентно земјоделство, ја поттикнуваме размената на добри практики, креирање на нови партнерства и трансформација на политиките во реални, мерливи резултати на терен.

Нашата мисија е јасна – да градиме мостови на соработка, да отвораме нови пазари и да создадеме услови за одржлив развој на земјоделството и прехранбената индустрија.

Партнерства и вмрежување

Ние не организираме само саеми – ние градиме партнерства. Преку години професионална посветеност, прераснавме во доверлив партнер за изложувачите и посетителите, нудејќи структуриран, содржаен и инспиративен настан што ја надминува локалната рамка

Глобална соработка

Веќе со години претставуваме значајна меѓународна платформа за размена на знаење, искуства и производи помеѓу органски производители, агроиндустриски компании, институции и експерти од повеќе земји.

За саемот

Во AgroMak сè расте – идеите, партнерствата, проектите и заедницата.
Ова не е само саем, туку жива почва за соработка, инспирација и заеднички развој.
Придружи ни се, засади ги семињата на твојата визија – и растеме заедно кон посилно, поодржливо земјоделство.

 

Истражувачи и Иноватори

Научници и истражувачи од агрономијата, агробизнисот, екологијата и агротехнологијата се движечка сила зад одржливото земјоделство. Тие креираат иновативни решенија и технологии кои ги поврзуваат науката и практиката, со цел да одговорат на предизвиците на денешницата – од климатски промени до безбедност на храната. Нивната работа го обликува земјоделството на иднината и поттикнува раст, соработка и реална промена на терен.

Професионалци во Агробизнисот

Саемите се место каде што се среќаваат вистинските професионалци од агробизнисот – производители, преработувачи, добавувачи, институции и иноватори кои ја движат оваа стратешка индустрија напред. Со строго дефинирана програма, селектирани изложувачи и деловни посетители, ние создаваме амбиент кој овозможува вистински бизнис-соработки, инвестиции и размена на практични знаења.

Инвеститори и Носители на политики

Инвеститори кои активно трагаат по можности за вложување во иновативни агробизнис стартапи, технологии и одржливи проекти, сè повеќе ја препознаваат вредноста на земјоделството како клучна алка за иднината на храната, економијата и животната средина. Нивниот интерес е насочен кон решенија што носат реална трансформација – од паметно земјоделство и дигитални алатки, до биотехнологии и циркуларна економија.

Кога

Септември 26-28.2025
09:00 - 18:00

Каде

Спортско-рекреативен центар КУМАНОВО, Северна Македонија

👇Погледнете не на YouTube 👇

Моменти на иновација

Поврзуваме региони, градиме решенија, создаваме нова агро реалност.

Од нива до трпеза – со срце, знаење и вкус што се препознава. Ова е местото каде што се среќаваат традицијата, иновацијата и љубовта кон земјата.

Погледнете ја енергијата, визијата и амбицијата што стојат зад најголемите регионални саеми


Првата Меѓународна Научна Агро-Бизнис Конференција
AgroMak 2025

Архивски линк за првата меѓународна научна агро-бизнис конференција:


Придружи се на Втората Меѓународна Научна Агро-Бизнис Конференција
AgroMak 2026

Април 03-05 2026г.

Остани со нас — регистрацијата наскоро ќе започне!

Нашите Партнери

Заедно кон промена

Подготвен/а ли си да бидеш дел од земјоделската револуција? Тука сме за да ти помогнеме да се приклучиш на движењето.

Драган Цветковиќ
Претседател на Организацискиот одбор на Агромак

„Кликни, следи, сподели! Нашите Facebook профили се тука 👇“